/ Прочитано:

762

Жртвите од кривични дела ќе добиваат државна парична помош

Жртвите од кривични дела ќе добиваат државна парична помош, вели министерот за правда во врска со Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство, кој е во собраниска процедура.

Со овој закон се уредуваат правото на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство,  условите за остварување на правото на паричен надоместок, видовите на паричен надоместок, основањето, статусот, составот и надлежностите на Комисијата за надоместок на жртви од кривично дело со насилство, изборот, мандатот, престанокот на мандатот, како и разрешувањето на претседателот и на членовите на Комисијата, средствата за исплата на паричниот надоместок на жртвите, информирањето и поучувањето на жртвите, постапката за остварување на правото на паричен надоместок, правото на регрес, постапката во прекугранични предмети, како и евиденцијата и чување на податоците за остварување на правата од овој закон.

Појдовна точка при изготвувањето на законот беа и компаративните искуства од повеќе држави, а посебен акцент беше ставен на државите од регионот од причина што со нив имаме слични правни системи и во оваа област тие се чекор понапред со оглед дека нивните закони ги изготвуваа во рамките на процесот за пристапување кон Европската Унија.

Целта на овој закон е да се обезбеди паричен надоместок на жртвите од кривични дела сторени со насилство како помош од страна на државата, во согласност со начелото на општествена солидарност и да се спречи можна виктимизација и секундарна виктимизација како дополнително страдање што жртвите можат да го претрпат од односот на надлежните органи.

Жртвите имаат право на паричен надоместок за ублажување на последиците од кривично дело со насилство, во согласност со овој закон.

Остварувањето на ова право не го исклучува правото на жртвата да побарува надомест на штета или да оствари друго побарување во согласност со друг закон пред надлежен суд.

Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство во собраниска процедура

Предлог-закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела

Се подготвува Закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела

М.В