/Прочитано:

340

Во подготовка Закон за заштита на физичките лица во врска со обработката на личните податоци заради цели на спречување и гонење на кривични дела

Министерството за правда подготвува Предлог-закон за заштита на физичките лица во врска со обработката на личните податоци заради цели на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или извршување на кривични санкции. Целта на Предлог-законот, образложуваат од Министерството, е заштита на правата и слободите и хармонизација на законодавството со регулативата на ЕУ во делот на обработката на личните податоци заради цели на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или извршување на кривични санкции.

М.В