/ Прочитано:

956

Предлог-закон за заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка во врска со проектот за локални патишта

Владата поднесе во Собранието Предлог-закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта, по скратена постапка.

Целта на овој проект е подобрување на владиниот капацитет за управување со локалните патишта и подобрување на пристапот до пазарите и услугите.

„Предлогот на закон се заснова на начелото за обезбедување на финансиски средства за да се овозможи реализација на Проектот за поврзување на локални патишта.

Оттука, Република Северна Македонија и Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка ќе склучат Договор за заем наменет за реализација на Проектот за поврзување на локални патишта, во износ од 70.000.000 евра.

Вкупната вредност на проектот финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка изнесува 70.000.000 евра.

Заемот ќе биде доделен на Република Северна Македонија под следните услови:

  • Рокот за отплата на заемот е 15 години, со вклучен грејс-период од 5 години.
  • Каматната стапка е шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за фиксен распон.
  • Заемот ќе се отплаќа во 20 полугодишни рати кои пристигнуваат за плаќање на 1 март и 1 септември секоја година.
  • Согласно прописите на Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, Република Северна Македонија како заемопримач има обврска да ѝ плати на Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка еднократна провизија од 0,25% од износот на заемот (Front-end-fee). Оваа провизија за Проектот изнесува 175.000 евра и ќе биде платена еднократно од средствата на заемот.

За износот на неповлечени средства од заемот Република Северна Македонија ќе ѝ плаќа на Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка провизија во висина од 0,25% од неповлечениот дел од заемот на годишно ниво“, се вели во законското образложение.

М.В