Предлог-законот за Инспекторат за употреба на јазиците во собраниска процедура
Владата го поднесе во Собранието Предлог-законот за Инспекторат за употреба на јазиците.
„Предлог-законот за Инспекторат за употреба на јазиците се донесува со цел на надзор врз примената на Законот за употребата на јазиците во Република Северна Македонија.
Предлог-законот гарантира рамноправност, еднаквост и непристрасност при примена на инспекцискиот надзор, како и доследно применување на Законот за употребата на јазиците.
Со Предлог-законот исто така се предвидени и другите начела кои важат при вршење на инспекциските надзори и функционирање на инспекторатите во глобала.
Предлог-законот ја дефинира и надлежноста на Инспекторатот за употреба на јазиците каде точно се наброени кои се надлежностите и каков вид на надзор врши истиот инспекторат.
Бидејќи станува збор за формирање на нов орган во состав на Министерството за правда законски е предвидена и организациската поставеност на инспекторатот.
Предлог-законот исто така ја уредува и организациската поставеност на Инспекторатот за примена на јазиците. Како органи преку кои Инспекторатот ја врши својата надлежност се директорот на Инспекторатот, инспектори, како и административно-техничка служба за нормално вршење на работите на Инспекторатот.
Во Предлог-законот се наброени и условите кои треба да се исполнат за избор на директорот и инспекторите во рамките на Инспекторатот.
Во Предлог-законот е дефиниран и начинот на извршување на инспекцискиот надзор, поточно начинот како се врши инспектирање, како се поведува инспекциската постапката, кои дејствија се преземаат при инспекцискиот надзор, и како се завршува истата“, се вели во законското образложение.
Утврден Предлог-законот за Државниот инспекторат за употреба на јазиците
Објавен Предлог-законот за Државниот инспекторат за употреба на јазиците
Ќе се формира инспекторат за употреба на јазиците
Законот за употреба на јазиците е испратен до Венецијанската комисија
Професорот Кекеновски го оспори Законот за употреба на јазиците пред Уставниот суд
Што сe предвидува во Законот за употреба на јазиците
ИВАНОВ: Станавме држава на слободно толкување на Уставот и законите
Годишно обраќање на претседателот Иванов
Обвинителството постапува по две анонимни кривични пријави за претседателот Иванов
Што предвидува Законот за употреба на јазиците донесен од Собранието на Република Македонија
ТЕКСТОТ НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ: Образложение и законски одредби
М.В