/ Прочитано:

1.245

Предлогот-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета во собраниска процедура со европско знаменце

Целта за донесувањето на овој закон, посочуваат од Владата, е негово целосно усогласување со меѓународните стандарди, а особено со Европската конвенција за човекови права, како и отстранување на лоцираните слабости во досегашната примена на законот.

„Правото на слобода на изразување е едно од темелните човекови права кое што е особено значајно за постоење на демократско општество. Токму затоа, ова право е посебно разработено и во сите релевантни меѓународни инструменти за човековите права, како Општата декларација за човековите права од 1948 година (член 19), Европската конвенција за човекови права (член 10), Меѓународниот пакт за граѓански и човекови права од 1966 година (член 2) и Повелбата за темелните права на Европската унија од 2000 и 2009 година (член 11 став (1)). Во член 10 од ЕКЧП е пропишано дека секој има право на слобода на изразување. Ова право ги вклучува слободата на мислење и слободата на примање и ширење на информации и идеи без мешање на јавните власти.

Особено значајна е јуреспуденцијата на Европскиот суд за човекови права согласно која правото на слобода на изразување се однесува не само на информациите и изјавите кои се примаат благонаклоно или се сметаат за неважни или оние кои не предизвикуваат штета, туку и на оние со кои се навредува, се шокира или се вознемирува.

Токму кај второво заштитата на слободата на изразување е особено значајна бидејќи таа не би постоела доколку ваквиот говор кој изразува негодување, морална осуда, па дури и спротивставување на мнозинството е целосно забранет. Многу често ваквиот говор ја тестира слободата, толеранцијата и плурализмот без кои не би можело да постои едно демократско општество. Меѓутоа, од друга страна, значајно е да се истакне дека ова право не е апсолутно и остварувањето на слободата на изразување е поврзано со одредени должности и одговорности, како и со одредени ограничувања поради легитимните цели дефинирани во ЕКЧП“, се вели во законското образложение.

Повикувањето на одговорност за изразено „негативно мислење“ е спротивно на сите демократски практики

М.В