/ Прочитано:

559

Предложени измени на Законот за надворешни работи по скратена постапка

Група пратеници предложија измени на Законот за надворешни работи, по скратена постапка. Целта на Предлог на законот е да се овозможи Министерството да направи соодветни подготовки за успешно спроведување на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.

„Законот за надворшени работи покрај други права и обврски на вработените во Министерството за надворешни работи, предвидуваи процедура за упатување на вработени во Министерството на работа во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство (мандат).

Меѓу другото, законот предвидува дека мандатот на дипломатите е до 3 години и предвидува услови и критериуми за начинот на избор на дипломати кои треба да бидат упатени на мандат.

Имено, дипломат може да конкурира на конкурс за упатување на мандат доколку поминале две години од завршување на претходниот мандат.

Во праксата оваа одредба претставува пречка за упатување на дипломати кои имаат знаења и експертизи во одредени области во случај кога тоа е потребно. Оваа одредба ќе биде пречка за упатување на диполмати на работа во Постојаната мисија на Република Северна Македонија во Виена, за време на  претседавањето на  Република Северна Македонија  со ОБСЕ во 2023 година.

Министерството е убедено дека за успешно спроведување на претседавањето во таквата организација, а во иднина и во други слични ситуации неопходно е упатување на поголем број на квалитетни и стручни дипломати во ДКП кои ја познаваат проблематиката поврзана со конкретната организација.

Поради одредбата одчлен 66 од Законот за надворешни работи,  пополнувањето на претставништвата во вакви ситуации нема да биде возможно.

Со оглед на наведеното се предлага дополнување на  Законот за надворешни работи“, се вели во законското образложение.

М.В