/ Прочитано:

1.352

Предложени измени на Законот за Собранието за независност на собраниската служба

Група пратеници во Собранието предложија измени на Законот за Собранието. Со предложените решенија ќе се постигне административна независност на на собраниската служба, која ќе биде во функција  на  зајакнување на уставната позиција на Собранието како претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт.

„Со Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Собранието на Република Македонија ќе се создаде законски основ за независна, професионална и ефикасна собраниска служба заснована врз начело на законитост, начело на еднакви услови, еднаков пристап до работно место, соодветна и правична застапеност, начело на стручност и компетентност, начело на управување со ефектот на вработените, начело на сервисна ориентираност, начело на професионална етика, непристрасност и објективност, начело на одговорност, начело на спречување судир на интереси и начело на економично користење на средства“, се вели во законското образложение.

Предлогот на законот, се објаснува во  предложеното решение,  ги содржи следниве цели и решенија:

  •  уредување на внатрешната организација на Службата согласно со претходно подготвена функционална анализа која ги  отсликува специфичните потреби за утврдување на организационата структура  на собраниската служба,
  • формирање на Совет на собраниска служба како советодавно тело на генералниот секретар, кој ќе има надлежност да предлага акт за внатрешна организација и акт за систематизација на работните места, ќе предлага пополнување на работните места преку интерен и јавен оглас и ќе му помага на генералниот секретар во врска со функционирањето на Службата,
  •  актите за внатрешна организација и систематизација на предлог на Советот на собраниската служба ќе ги носи генералниот секретар по добиена согласност од претседателот на Собранието,
  • финансиска согласност на годишниот план за вработување наместо Министерството за финансии ќе дава Буџетскиот совет на Собранието, со што ќе се обезбеди финансиска независност во поглед на оваа постапка. Годишниот план и финансиската согласност за планот генералниот секретар ќе ги доставува до Министерството за финансии и Министерството за информатичко општество и администрација заради информирање,
  •  поединечните согласности за нови вработувања по сите основи ќе се реализираат по добиена финансиска согласност од претседателот на Собранието во рамките на обезбедените средства во Буџетот за Собранието наместо досегашните поединечни согласности  кои ги даваше  Министерството за финансии,
  • класификацијата на нивоата и звањата на собраниските службеници ќе биде адекватно утврдена, односно наместо со шифрите „УПР“ кои укажуваат на органите на државна управа, ќе бидат преименувани во шифрата „СОБ“,
  • аналогно на Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници, а имајќи ја во предвид функцијата генерален секретар на Собранието, се предвидуваат кабинетски службеници и посебни советници  и за потребите на генералниот секретар.

М.В