/ Прочитано:

921

Предметот за Талески пратен во Апелација

Од Апелациониот суд велат дека, според најавите, очекуваат дека предметот ќе пристигне денес, но за да се изјаснат во однос на тоа како ќе постапуваат по него, пред сè, треба да видат што содржи предметот и кој има поднесено жалба.

Владимир Талески

Кривичниот суд денеска го испратил предметот за градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, на понатамошно постапување во Апелациониот суд.

Како што потврдуваат од Основниот суд Скопје 1 Скопје, предметот е комплетиран и е доставен до Апелација.

Од Апелациониот суд велат дека, според најавите, очекуваат дека предметот ќе пристигне денес, но за да се изјаснат во однос на тоа како ќе постапуваат по него, пред сè, треба да видат што содржи предметот и кој има поднесено жалба.

Жалба на одлуката на Кривичниот совет кој му определи куќен притвор на Талески најави неговата одбрана.

Во решението на судот беше наведено:

„Решението на судијата на претходна постапка од 13.6.2016 година по повод предлогот на СЈО за определување на мерка притвор за лицето В. Т. се преиначува и се определува мерка куќен притвор во траење од 30 дена сметано од неговото пронаоѓање и лишување од слобода, а поради постоење на причините предвидени во чл. 165 ст. 1 т. 1 , 2 и 3 од ЗКП. Истовремено, се забранува осомничениот В. Т. да го напушти своето живеалиште без дозвола од Судот, а доколку осомничениот не се придржува на забраната, против него ќе се определи мерка притвор“.

Надзорот над куќниот притвор се наложува да го извршува СВР Битола, при што овластени службени лица од подрачната полициска станица во одредени временски интервали, ненајавено во текот на 24 часа ќе го проверуваат присуството на осомничениот во неговиот дом, рекоа од Судот.

„За секое непочитување на решението од страна на осомничениот, надлежната полициска станица се задолжува веднаш да го извести Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Против ова решение е дозволена жалба во рок од 24 часа преку овој суд до Апелациониот суд Скопје“, се наведува во соопштението на Судот.

Талески и уште 22 лица опфатени во предметот „Транспортер се осомничени дека го злоупотребиле Буџетот на Република Македонија за 360 илјади евра поради незаконско организирање на училишниот транспорт.