/ Прочитано:

3.927

Прекршочните санкции за физичките и за правните лица во новиот предложен Закон за прекршоците

Прекршочните санкции за физичките лица

Во новиот предложен Закон за прекршоците, кој влезе во собраниска процедура и кој, исто како и измените на Законот за судовите, е со европско знаменце, пропишани се видовите на прекршочните санкции, и тоа:

1) опомена; 2) општокорисна работа; 3) глоба; 4) негативни поени; 5) престанок на важење на возачка дозвола; 6) забрана на управување со моторно возило; 7) забрана на вршење професија, дејност или должност; 8) протерување на странец од земјата,  9) забрана за влез и присуство на спортски натпревари и 10) забрана  на користење на субвенции и други средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија.

„Во постојниот Закон за прекршоците забраната за користење на субвенции и други средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија не беше пропишано како санкција, а со примената на законот се покажа како целисходно  дополнување на видовите санкции и со ваков вид санкција. Согласно препораките и забелешките од Европската комисија се бришат како санкции задолжително  лекување  на  алкохоличари  и  наркомани (лица  со  болести  од зависности) и задолжително психијатриско лекување на слобода“, се вели во законското образложение.

Глобата за физичко лице е утврдена во распон од 15 до 250 евра во денарска противвредност, а за одговорно лице во правно лице и службено лице глоба во распон од 15 до 500 евра во денарска противвредност, освен во случаи кога со друг закон кој се усогласува или е усогласен со законодавството на Европската Унија не е поинаку определено. За прекршоци од специфични области, а заради заштита на јавниот интерес пропишани се повисоки глоби сразмерно на степенот на општествената опасност и објектот на заштита.

Определен е рокот за доброволно  плаќање на глобата,  кој изнесува 30 дена од денот на правосилноста на одлуката. Исто така, детално се разработени сите видови санкции – поединечно, условите под кои се изрекуваат, нивното времетраење, присилното извршување.

Прекршочните санкции за правните лица

Во новиот Закон за прекршоци определено е дека за прекршоци на правни лица може да се изречат опомена, глоба и привремена забрана за вршење одделна дејност.

Глобата се изрекува во износ кој не може да биде помал од 50 евра во денарска противвредност, ниту поголем од 2.000 евра во денарска противвредност, а за средни и големи претпријатија не може да биде помала од 250  евра во денарска противвредност, ниту поголема од 10.000  евра во денарска противвредност. Со законот со кој се пропишува прекршокот висината на глобата се изразува во распон.

За прекршоци од специфични области, а заради заштита на јавниот интерес пропишани се повисоки глоби сразмерно на степенот на општествената опасност и објектот на заштита.

За одредени прекршоци од областа на конкуренцијата, енергетиката, електронските комуникации и трговијата со забранети и/или ограничени стоки за употреба или во други области кои се усогласени или се усогласуваат со законодавството на Европската Унија, може да се пропише глоба во процентуален износ, но најмногу до 10% од приходот на правното лице остварен во претходната фискална година.

Предвидени се одредби за одмерување на глобата и начинот за извршување на глобата. Одмерувањето на висината на глобата се врши врз основа на 3 критериуми, и тоа: вкупен приход остварен во претходната фискална година, просечниот број на вработени врз основа на состојбата на крајот на месецот за месецот во кој е сторен прекршокот и претходно санкционирање на сторителот.

Определен е рокот на траењето на привремена забрана за вршење одделна дејност, и тоа ако ја изрекол судот истата изнесува од три месеци до 2 години, а ако ја изрекол прекршочниот орган  истата изнесува од три дена до 30 дена…Новините во Законот за прекршоците со кои се предвидува намалување на висината на казните.

Пакетот закони од областа на правосудството усвоени на владина седница

Тркалезна маса за примената на процената на влијанието на регулативата врз Законот за судовите

Владата ќе расправа за повеќе закони од областа на правосудството предложени од Министерството за правда

Новините во Законот за прекршоците со кои се предвидува намалување на висината на казните

Одржана јавна расправа за нацрт-текстот на Предлог-законот за прекршоците

Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби

Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби

Компаниите бараат ревидирање на прекршочните санкции

„Инфлација од прекршоци во надлежност на несудски прекршочни органи“ – Стратегија за реформи во правосудството

Советот за реформи во правосудниот сектор дебатираше за Законот за кривичната постапка

Во новиот ЗКП се предлагаат измени и во одредбите за известувањето на осомничениот за завршување на истражната постапка

АКРМ: Адвокатите да се вклучат со свои коментари во дискусијата за Предлог-законот за кривичната постапка

Објавен текстот на новиот  Предлог-закон за кривичната постапка

Во подготовка и Закон за јавното обвинителство и Закон за кривичната постапка

Адвокатот Оливер Вуксановиќ – еден од шестемина адвокати иницијатори за измени на ЗКП

ПРЕДЛОЖЕНИ ИЗМЕНИ НА ЗКП: Да се зајакнат правата на одбраната на осомничените

Објавен текстот на новиот  Предлог-закон за кривичната постапка

Во подготовка и Закон за јавното обвинителство и Закон за кривичната постапка

Измените на Законот за судовите ќе бидат доставени до Венецијанската комисија

Законски измени за спречување на злоупотребата на АКМИС 

Мислењето за измените на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет на пленарна сесија на Венецијанската комисија

На седницата на Советот за реформи адвокатите ги истакнаа своите предлози за измените на Законот за судовите

И поранешни судии на Уставен суд или меѓународен суд ќе бидат членови на Судскиот совет, според предложените законски измени

ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ: И уставен судија и судија на меѓународен суд да може да бидат директори на Академијата за судии и јавни обвинители

Објавен и текстот на предложените измени на Законот за Судскиот совет

МЛАДИ СУДИИ – нова категорија судии која се воведува со измените на Законот за судовите

Основниот суд Скопје I Скопје и Основниот суд Скопје II Скопје ќе се преименуваат во Основен кривичен суд Скопје и Основен граѓански суд Скопје

Што се предвидува со најновите предложени измени на Законот за судовите, чиј текст го објави Министерството за правда

Законската рамка за судовите и за Судскиот совет се подготвува според мислењето на Венецијанската комисија

Советот за реформи на правосудниот сектор ги слушна забелешките на Венецијанската комисија за законите на судови и за Судскиот совет

Мислењето за измените на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет на пленарна сесија на Венецијанската комисија

М.В