/ Прочитано:

1.341

Преминувањето во втората фаза од Спогодбата за стабилизација носи позитивни промени за домашните банки

Според Советот на Народната банка преминот во втората фаза на Спогодбата за стабилизација и асоцијација склучена меѓу земјава и Европските заедници и нивните земји членки, несомнено, носи промени во деловното опкружување на домашните банки, од коишто се очекува дека ќе го зголемат степенот на интеграција на домашниот со глобалниот финансиски систем.

„Во натамошниот период банките би требало да имаат збогатена понуда на производи и услуги за своите клиенти“, беше истакнато на редовната седница на Советот на Народната банка, на која беше разгледан и усвоен Годишниот извештај за 2018 година.

На 17 јануари Министерството за надворешни работи ја објави Одлуката за премин во втора фаза на асоцијација меѓу Република Македонија и Европската заедница и нејзините земји членки.

Клучно е што со преминот во втората фаза се овозможува македонските државјани да може да вложуваат во недвижности во странство, како и  во хартии од вредност.

„Пристапувањето на Република Македонија кон втората фаза од Спогодбата, како што ние како централна банка заедно со Министерството за финансии веќе ѝ соопштивме на јавноста, меѓу другото подразбира и поголеми инвестициски можности за граѓаните. Да, сега тие веќе можат да вложуваат во недвижности и во хартии од вредност во странство. Но, исто толку значајно е што истовремено веќе се создаваат и можности и за поголем степен на интеграција на домашниот финансиски пазар со меѓународните финансиски пазари, а и се олеснува издавањето и регистрирањето странски хартии од вредност во земјава, како и на домашните хартии од вредност во странство“, истакна во интервјуто за Академик гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска-Бежоска.

Усвоени Годишниот извештај на Народната банка и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем

Услови под кои резидентите слободно ќе можат да отвораат и да имаат сметки кај странски банки

Интервју со гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска-Бежоска, за преминувањето во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација

Правните и физичките лица ќе може да вложуваат во недвижности и во хартии од вредност во странство, потврдуваат од НБРМ и од МФ

Ќе престане да важи Одлуката за условите што треба да ги исполнуваат хартиите од вредност во странство во кои може да вложува овластена банка

Македонските државјани конечно слободни да стекнуваат недвижности и хартии од вредност во странство

M.В