/ Прочитано:

996

Притворот за првоосомничениот во „Тврдина“ заменет со куќен притвор

Како што веќе информиравме, во врска со мерките предложени за останатите осомничени Судот ќе одлучува в среда.

????????????????????????????????????

Кривичниот совет го преиначил решението на судијата на претходна постапка и на првоосомничениот во предметот „Тврдина“ му определил мерка куќен притвор.

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалбата на одбраната на осомничениот Г. Г. против решението на судија на претходна постапка за прифаќање на предлогот на Специјалното јавно обвинителство, за определување мерка притвор на осомничениот, денеска одржа седница на која донесе одлука со која го преиначи решението на судијата на претходна постапка и мерката притвор за осомничениот ја замени со мерка куќен притвор.

Странките имаат право на жалба до повисокиот суд, по што решението станува правосилно, велат од Судот.

Како што веќе информиравме, во врска со мерките предложени за останатите осомничени Судот ќе одлучува в среда.