Проф. д-р Ана Павловска-Данева избрана за судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија
Проф. д-р Ана Павловска-Данева, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, е избрана за судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија.
Врз основа на членот 68 став 1 алинеја 14 од Уставот на Република Северна Македонија, Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на 8 февруари 2024 година, донесе
ОДЛУКА
ЗА ИЗБОР НА СУДИЈА НА УСТАВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
I. За судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија е избрана:
– проф. д-р Ана Павловска-Данева.
II. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Бр. 08-1006/1 Претседател на Собранието
8 февруари 2024 година на Република Северна
Скопје Македонија,
Јован Митрески, с.р.