/ Прочитано:

4.200

Основана Фондација Ѓорѓи Марјановиќ

На 20 јуни 2019 се одржа основачкиот состанок на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ. Целта на фондацијата е да го сочува творештвото на професорот Марјановиќ и, како што нагласуваат од фондацијата, да продолжи со конкретни активности сѐ до остварување на неговиот сон  – Македонија пристојно место за живеење.

Претседател на управниот одбор и воедно претседател на фондацијата е Владимир Петрушевски, а членови на управниот одбор се Гордан Калајџиев, Тони Дескоски, Гордана Лажетиќ, Горан Михајловски, Александар Тортевски, Јасна Бачовска-Недиќ, Наташа Габер-Дамјановска и Александар Марјановиќ.

Членови на надзорниот одбор се Сашо Ќосев, Бранко Секуловски и Филип Марјановиќ, како и Димитар Панчевски, секретар на фондацијата.

„Се разбира, ја оставаме отворена вратата за сите добронамерни луѓе кои сакаат да ни се придружат во нашите идни активности“, истакнуваат од фондацијата.

М.В