/ Прочитано:

975

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесува 25.104 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, изнесува 104.3.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (10,6%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9,8%) и Транспорт и складирање (7,4%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (2,1%), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (1,9%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (1,9%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2019 година, изнесува 25.104 денари.

Исто така, Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, изнесува 105.5.

„Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена  и социјална заштита (12,4%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9,9 %) и Транспорт и складирање (9,4%).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (2,1 %), Дејности на здравствена  и социјална заштита (2,0 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (2,0 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јули 2019 година, изнесува 37.268 денари“, соопштуваат од Државниот завод за статистика.

М.В