Распоред за полагање на двата дела на испитот за медијатори во јунската испитна сесија

За третиот дел од испитот, кандидатите дополнително ќе бидат известени, наведуваат од Министерството за правда.

Министерството за правда ги објави термините за полагање на испитот за медијатори во јунската испитна сесија.

Прв дел (теоретски дел) – 13.6.2016 година (понеделник), со почеток во 10:00 часот,

Втор дел (студија на случај) – 20.6.2016 година (понеделник) со почеток во 12:о0 часот.

За третиот дел од испитот, кандидатите дополнително ќе бидат известени, наведуваат од Министерството за правда.  Испитот ќе се полага во просториите на Испитниот центар „Asecco“ ул. „Христо Смирненски“ бр. 30, ламела 1.

Кандидатот може да го одложи полагањето на испитот од оправдани причини, најдоцна 48 часа пред почетокот на испитот со поднесување на писмено барање за одложување на испитот до Архивата на Министерството за правда.