Регионална фокус-дискусија за судии и новинари одржана во Гостивар
Во Гостивар се одржа Регионална фокус-дискусија за судии на апелациското подрачје Гостивар и за новинари, предвидена со десетмесечниот проект Зајакнување на улогата и функционалноста на Судско-медиумскиот совет на Република Северна Македонија, со поддршка на Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.
Настанот започна со поздравно обраќање на претседателот на Апелациониот суд Гостивар, судија Беким Мехмеди, како домаќин, по кое излагања имаа судијата Шпенд Деваја, судија на Врховниот суд и новинарката Соња Колевска-Делевска, претставници на Судско-медиумскиот совет.
Соговорниците направија кратка презентација на Водичот за судска транспарентност, како и на заложбите на Советот за промена на постојното законодавство. Целта на оваа активност беше запознавање на локалните судии и новинари со улогата и работата на Советот, како и со можноста да бидат ангажирани и да земат учество во неговите активности и дискусии.
Членовите на СМС во дебатен формат отворено разговараа со локалните засегнати страни за должностите и за надлежностите на Советот и за можноста за помош во подобрување на имиџот на судството во јавноста и зајакнување на соработката помеѓу судиите и новинарите.
М.В