/ Прочитано:

1.208

Се подготвува нов Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам

Министерството за финансии подготвува нов Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам.

Превенцијата од перење пари и финансирање на тероризам во Република Северна Македонија е регулирана со Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Овој закон ги утврдува мерките и дејствијата за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам, кои ги преземаат задолжените субјекти, како и работењето и надлежностите на Управата за финансиско разузнавање.

„Заради усогласување со ревидираните и дополнети меѓународни стандарди (препораки на меѓународното тело ФАТФ/FATF – Financial Action Task Force) и усогласување со 5-та Директива на ЕУ за спречување на употребата на финансискиот систем за целите на перење пари и финансирање на тероризам од 2018 година (2018/843 ЕЦ), започната е подготовка на нов Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Во овој закон предвидено е да се имплементираат и резултатите од Националната проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам“, образложуваат од Министерството за финансии.

М.В