/ Прочитано:

499

Се подготвува Закон за зоотехника

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство подготвува Закон за зоотехника.

„Целите на новиот Закон за зоотехника се уредување на сточарството заради обезбедување на квалитетен приплоден материјал, производство на квалитетни производи од анимално потекло, производство и промет на пчелни матици, одгледување на живина за приплод, заштита на биолошката разновидност и ген банките во сточарството, како и подобрување на особините на животните, остварување на правата и обврските на одгледувачите, како и на признатите организации на одгледувачи и признати организации на одгледувачи на хибридни свињи во сточарството и уредување на прометот со приплоден материјал“, образложуваат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.