/ Прочитано:

620

Се подготвуваат измени на Законот за користење на податоците од јавниот сектор

Министерство за информатичко општество и администрација подготвува измени на Законот за користење на податоците од јавниот сектор. Цел на Предлог-законот е унапредување на правнатa, организацискатa и техничката основа врз која ќе се олесни и забрза процесот на отворање на податоците на државните институции, а засегнатите страни ќе бидат поддржани да ги користат отворените податоци за да креираат нови вредности за општеството во целина.

„Согласно досегашната искуство од спроведување на законот, Стратегијата за отворени податоци 2018-2020, управувањето со порталот за отворени податоци и новините кои се воведуваат со ЕУ Директивата за отворени податоци и ре-употреба на информации од јавниот сектор од 20 јуни 2019 (2019/1024) потребно е да изврши доуредување на оваа материја. Со анализите кои ќе претходат на измените и дополнувањата на постојното законско решение очекувано е да се адресираат и изнајдат соодветни решенија на проблемите како што се отсуството на класификација за податоци кои се однесуваат на транспортот и јавните услуги и категоризација според фреквентноста и пропишаните механизми за преземање на истите, отсуство на дефиниција на податоци од висока важност како што се статистичките и географските податоци, инспекциски надзор за контрола на спроведувањето на законот развивање нови иновативни сервиси од отворените податоци“, посочуваат од МИОА.

М.В