/ Прочитано:

2.240

Се подготвуваат измени на Законот за ревизија во врска со испитот за стекнување на звањето ревизор

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за ревизија. Предложените измени и дополнувања на Законот за ревизија имаат за цел непречено спроведување на испитот за стекнување на звањето ревизор, во согласност со веќе воспоставената и функционална постапка од страна на Институтот, и уредување на составот на одборот за ревизија и кај субјекти од јавен интерес со едностепен систем на управување.

„Со Законот за изменување и дополнување на Законот за ревизија се воспостави поразличен концепт на спроведување на испитот за стекнување на звањето ревизор во однос на концептот кој претходно се спроведуваше и кој беше одобрен од Меѓународната федерација на сметководители (ИФАЦ). Поради тоа што за примената на новиот концепт сè уште не се обезбедени потребните технички и финансиски ресурси, кандидатите заинтересирани за полагање на испитот за ревизор не можат да го остварат ова право. Законот за ревизија уредува одборот за ревизија кај субјектите од јавен интерес да биде составен од членовите од надзорниот одбор, орган кој е предвиден кај двостепен систем на управување на акционерските друштва. Меѓутоа, Законот за трговските друштва, уредува и право акционерските друштва да имаат и едностепен систем на управување. Во Законот за ревизија не е уреден составот на одборот за ревизија кај акционерските друштва со едностепен систем на управување“, се вели во законското образложение.

М.В