/ Прочитано:

1.142

СЈО го обжали решението на Кривичниот совет за куќниот притвор на началникот во УБК

Според СЈО, постојат околности кои укажуваат на неопходноста на мерката притвор и на тоа дека целта заради која била определена мерката притвор не може да се исполни со поблага мерка, велат во денешното соопштение од СЈО.

Прес СЈО „Тврдина“

Специјалното јавно обвинителство поднело жалба против решението на Кривичниот совет со кое е преиначено решението на судијата на претходна постапка и на првоосомничениот во случајот „Тврдина“ му е изречена мерката куќен притвор.

Според СЈО, постојат околности кои укажуваат на неопходноста на мерката притвор и на тоа дека целта заради која била определена мерката притвор не може да се исполни со поблага мерка, велат во денешното соопштение од СЈО.

Вчера Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 на првоосомничениот во предметот „Тврдина“ мерката притвор во траење од 30 дена, која му ја определи судијата на претходна постапка во средата, му ја преиначи во куќен притвор.

Повисокиот суд треба да одлучува по однос на жалбите на странките, по што решението ќе биде правосилно.