/ Прочитано:

1.360

СЈО: Завршен збор за предметот „Тревник“

Специјалното јавно обвинителство го објавува завршниот збор за предметот „Тревник“, во кој меѓу обвинетите е Драган Павловиќ–Латас.

„Во оваа постапка обвинетите се гонат за кривичното дело Бесправно градење од член 244-а ст. 1 од КЗ затоа што во временскиот период од месец јули 2011 година до 24.01.2013 година во Општина Зелениково, спротивно на член 56 став 1 од Законот за градење, граделе без одобренија за градење издадени од надлежен орган. Согласно член 56 став 1 од Законот за градење,  изведувањето на градби може да започне со издавање на одобрение за градење, а градбите и деловите од градбите изградени без одобрение за градење се бесправни градби“, посочуваат од СЈО, чиј завршен збор може да се преземе на следниот линк.