/ Прочитано:

1.728

Со посебен закон Студенчишко Блато ќе се прогласи за парк на природата

Министерството за животна средина подготвува Предлог-закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата.

Поради геолошките и биолошките вредности, пред сѐ, поради присуството на живеалишта и видови од национално и европско значење, Студенчишкото Блато се прогласува за заштитено подрачје – парк на природата.

Во таа смисла цел на Предлог-законот е зачувување на природната состојба на локалитетот Студенчишко Блато преку заштита на природните и други вредности, потоа спречување на дејствија што можат непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на живеалиштата и екосистемите, создавање на поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност, како и одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на живеалиштата и видовите.

М.В