/ Прочитано:

1.359

Собранието распуштено, Законот за ЈО донесен

Собранието едногласно со 108 гласа „за“ донесе одлука за самораспуштање, а во насока на одржување на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април. Претходно, Собранието го донесе Законот за јавното обвинителство.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вчера, исто така, го потпишал решението за распишување на изборите на 12 април. Одржувањето на предвремените парламентарни избори беше договорено меѓу најголемите политички партии.