/ Прочитано:

1.281

ССК со признание од Светската царинска организација

Генералниот секретар на Светската царинска организација, Кунио Микурија, ѝ додели признание на претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска, за придонес во развојот на Царината. Признанието го врачи директорот на Царинската управа, Ѓоко Танаскоски, во пресрет на Меѓународниот ден на царината, кој традиционално секоја година се одбележува на 26 јануари.

Арсовска истакна дека ова признание е уште една потврда за успешната соработка на Сојузот на стопански комори на Македонија со институциите, каде што активно се вклучува како промотор и лидер на современите светски трендови со особен акцент на дигитализација на процесите.

„Дигитализацијата на деловните процеси и поврзаноста на институциите при имплементирање на новите трендови е од особена важност за зголемување на продуктивноста и конкурентноста на деловната заедница. Минатата година Сојузот беше меѓу првите комори во Европа кои ги дигитализираа алатките за меѓународна трговија и кои воведоа е-сертификат за потекло, што беше поддржано и од Царинската управа. Подготвени сме и во иднина, како Сојуз, да го поддржуваме процесот на олеснување на трговијата“, изјави Арсовска и додаде дека ова признание е уште една потврда за Сојузот на стопански комори на Македонија, кој  гради партнерства, како во земјата така и во светски рамки.

Танаскоски, директор на Царинската управа, истакна дека царинската заедница повторно се здружува, обединета во одбележувањето на Меѓународниот ден на Царината.

„На овој посебен ден членките, секретаријатот и партнерите на СЦО од целиот свет се посветуваат на одредена тема. Во 2020 година, под слоганот „Царината се грижи за одржливост на граѓаните, просперитетот и планетата“, царинската заедница ќе се фокусира на придонесот на Царината кон одржлива иднина на социјалните, економските, здравствените и еколошките потреби“, рече Танаскоски и додаде дека коректната соработка е од голема важност за квалитетна животна средна.

М.В