/ Прочитано:

612

Стапија во примена законските измени за важноста на пасошите чиј рок на важење е истечен

Стапија во примена измените на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија.

Во законските измени се пропишува дека патните исправи кои го содржат натписот „Република Македонија“ издадени до денот на започнувањето на примената на овој закон ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во патната исправа, најдоцна до 12 февруари 2024 година.

„Важноста на пасошот, дипломатскиот пасош и службениот пасош чиј рок на важење е истечен, односно истекува по 31 јули 2020 година, се продолжува до 31 декември 2021 година“, се пропишува во законските измени.

„Обрасците на патните исправи и на визите се печатат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, со превод на англиски и француски јазик и нивното писмо.

Податоците кои се внесуваат во патната исправа се запишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на основно латинично писмо (I CAO DOC 9303), освен интернационалните ознаки (кодови), што се запишуваат согласно со меѓународните стандарди утврдени во I CAO DOC 9303.

Обрасците на патните исправи на граѓаните кои зборуваат на јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо, по службена должност се печатат и податоците во нив се запишуваат на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.

Обрасците на патните исправи на граѓаните кои зборуваат јазик различен од македонскиот што го зборуваат помалку од 20% од граѓаните на Република Северна Македонија, на нивно барање, се печатат и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот.

На граѓаните од ставот 4 на овој член, на нивно лично барање, податоците кои се внесуваат во патната исправа се запишуваат и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот.

На граѓаните од ставот 4 на овој член, на нивно лично барање податоците за личното име што се внесуваат во патната исправа се запишуваат и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот”, се пропишува, исто така, во законските измени кои стапија во примена.

МВР: Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година

М.В