/ Прочитано:

1.285

СУДЕЊЕ ДЕМОНСТРАНТИ: Започнува процесот против членовите на Левица учесници во протестите

Според полицискиот извештај и поднесената кривична пријава, било утврдено дека Савески го извршил кривичното дело на тој начин што влегол во демолираната канцеларија заедно со дел од толпата, запалил фотографија од претседателот Ѓорге Иванов и фрлил предмет кон Народната канцеларија, додека Куновски го извршил кривичното дело на тој начин што, додека се наоѓал во внатрешниот дел од Народната канцеларија на Претседателот на РМ, преку искршениот прозорец исфрлил неколку канцелариски столчиња на тротоарот.

Протести пред СЈО

Членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, денеска ќе седнат на обвинителна клупа за дело – учество во толпа која ќе стори кривично дело.

Двајцата се обвинети дека на 13 април за време на протестот по одлуката за помилување која ја донесе Претседателот на Република Македонија учествувале во демолирањето на Народната канцеларија која се наоѓа во центарот на Скопје.

Според полицискиот извештај и поднесената кривична пријава, било утврдено дека Савески го извршил кривичното дело на тој начин што влегол во демолираната канцеларија заедно со дел од толпата, запалил фотографија од претседателот Ѓорге Иванов и фрлил предмет кон Народната канцеларија, додека Куновски го извршил кривичното дело на тој начин што, додека се наоѓал во внатрешниот дел од Народната канцеларија на Претседателот на РМ, преку искршениот прозорец исфрлил неколку канцелариски столчиња на тротоарот.

Неизвесно е дали ќе започне судењето за Савески и Куновски, кои се наоѓаат во куќен притвор бидејќи Обвинителството ја има утврдено само вкупната штета предизвиканата со демолирањето на Народната канцеларија, а ја нема прецизирано штетата за секој обвинет поединечно, иако се водат 3 процеси поврзани со истото дело: еден против Савески и Куновски, еден против студентот и процесот против Никола Аризанов и Филип Наковски кој и по цела недела никако да започне поради неутврдена точна висина на штетата.

Аризанов и Наковски, како што истакна нивниот бранител, се подготвени да ја признаат вината, но само откако Обвинителството ќе ја прецизира штетата одделно за нив. Процесот во кој тие се обвинети беше презакажан за 12 мај, четврток.

Основното јавно обвинителство Скопје и Државното правобранителство на Република Македонија, како застапник кој ги штити имотноправните интереси на државата и на државните органи, пријавија штета од 880 илјади денари или приближно 15 илјади евра поради демолирањето на Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија на протестите од 13 април.

М. С.

И Државното правобранителство ја потврди штетата од 880 илјади денари за демолирањето на Народната канцеларија на Претседателот на РМ