/ Прочитано:

288

Судијата Лорета Горгиева и м-р Миљазим Мустафа поднесоа оставки до Министерот за правда Кренар Лога

Соопштение

Членовите на Судскиот совет судијата Лорета Горгиева и м-р Миљазим Мустафа доставија оставки до Министерот за правда Кренар Лога и се повлекоа од членство во Советот на ИКТ, бидејќи сметаат дека нивното натамошно учество во ова тело е нецелисходно.

„Советот на ИКТ дејствуваше како тим со неговиот претседател Лазар Нанев и заменичката, Проф.Д-р Гордана Лажетиќ и затоа сметам дека нема простор за мое натамошно учество“ се вели во оставката на судијата.

Во образложението на оставката на м-р Мустафа, меѓудругото се наведува следното: „ По разрешувањето на претседателот на ИКТ од страна на Министерот за правда Кренар Лога и изнесените инсинуации за неправилно работење на Советот на ИКТ, како и по тврдењата на ресорниот министер за реформирање на истоимениот Совет, нецелисходно е понатаму да се биде член во ова тело. И покрај се, горд сум што бев член во тело што ги постави темелите и ги воспостави насоките за дигитално судство и успеа да воведе алатки и сервиси кои ќе го олеснат пристапот на граѓаните до правдата и на правосудните органи, а со тоа и зголемување на довербата на правосудството“.