/ Прочитано:

1.097

Судот го одби предлогот на СЈО за забрана за вршење на полициски овластувања за полицајците осомничени во предметот „Тортура“

До Основниот суд Скопје 1 Скопје против сите осомничени лица, кои се во работен однос во Министерството за внатрешни работи, беше поднесен предлог за определување на мерка на претпазливост – забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

????????????????????????????????????

Судијата на претходна постапка, постапувајќи по предлогот на Јавното обвинителство за гонење на кривични дека поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите  (СЈО) за предметот во јавноста познат како „Тортура“, донесе решение со кое предлогот за осомничените: И. А., Н. С., П. М., М. Ш., Ф. А и Ј. Б., се одбива како неоснован.

До Основниот суд Скопје 1 Скопје против сите осомничени лица, кои се во работен однос во Министерството за внатрешни работи, беше поднесен предлог за определување на мерка на претпазливост – забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

„Ваквата мерка е предвидена со членот 146 став 1 точка 7 од Законот за кривичната постапка и сметаме дека во овој момент е неопходна како реакција на државата за дејствијата за кои постои основано сомнение дека ги извршиле осомничените“, беше наведено од страна на СЈО при презентирањето на случајот.

Имено, од прибраниот доказен материјал произлегло основано сомнение дека на ден 6.6.2011 година, еден ден по завршувањето на парламентарните избори, првоосомничениот, како службено лице – директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, поради дискриминација врз основа на поинаква политичка определба, ги навел останатите осомничени -полициските службеници во единицата Алфи, во вршењето на службата при лишување од слобода на осомничено лице – оштетениот Љубе Бошковски, да му предизвикаат душевно страдање, стои во соопштението на СЈО за предметот „Тортура“.