/ Прочитано:

1.237

Судот не го прифати барањето на СЈО за изземање на судијата на претходна постапка кој постапува во предметот „Трезор“

Како што се наведува во соопштението на Кривичниот суд, со оглед дека се работи за изземање на судија на претходна постапка, СЈО има право да поднесе жалба на ова решение до Апелациониот суд – Скопје во рок од 3 дена.

????????????????????????????????????

Причините наведени од страна на Специјалното јавно обвинителство за изземање на судијата на претходна постапка, кој постапува по предлозите на СЈО за предметот „Трезор“, се неосновани.

Како што се наведува во соопштението на Кривичниот суд, со оглед дека се работи за изземање на судија на претходна постапка, СЈО има право да поднесе жалба на ова решение до Апелациониот суд – Скопје во рок од 3 дена.

„Во врска со жалбата на СЈО против решението на судијата на претходна постапка, со кое не беше прифатен предлогот на наведеното обвинителството за определување мерка притвор против едно лице, ја информираме јавноста дека решението е експедирано до странките, како и жалбата која веднаш е доставена на одговор кај спротивната страна, а по комплетирање на списите во предметот и враќање на сите доставници, ќе биде доставен на надлежно постапување кај Кривичниот совет“, велат од Судот.

СЈО го достави предлогот за изземање на судијата на претходна постапка во петокот, кога беше закажано сослушувањето на тројца осомничени во предметот „Трезор“.

СЈО предлагаше определување на мерки на претпазливост за тројца осомничени и определување мерка притвор за еден осомничен. Во предметот „Трезор“ опфатени се три лица од Управата за безбедност и контраразузнавање и едно лице од МВР, осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување при набавката на опрема за следење на комуникациите. Тие се осомничени дека злоупотребиле 862 илјади евра буџетски пари.