/ Прочитано:

3.325

Судскиот совет даде согласност судијки да бидат ангажирани за вршење високообразовна дејност на „Јустинијан Први“

 

Судскиот совет на Република Македонија известува дека на својата 267. седница, покрај изборот на претседатели и судии во основни и апелациски судови, одлучил да даде согласност судијки да вршат високообразовна дејност на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

„Судскиот совет даде согласност за ангажирање за вршење високообразовна дејност на Правниот факултет ‘Јустинијан Први’ во Скопје во учебната 2017/2018 година за судијките м-р Софија Миленкова,  судија од Основен суд Скопје 2 Скопје; м-р Антоанета Димовска – судија на Основен суд Скопје 2 Скопје; Лидија Димчевска – судија на Апелационен суд Скопје и д-р Цветанка Сиљаноска- Костадиновска – судија на Основен суд Скопје 2 Скопје“, се вели во соопштението на Судскиот совет.

Во Законот за судовите е пропишано дека судијата може да биде едукатор или да држи предавања на Академијата за судии и јавни обвинители и на високообразовна институција и да учествува во определени научни проекти.

За вршење на активности во високообразовна институција, се пропишува во членот 52 од Законот за судовите, согласност дава Судскиот совет на Република Македонија.

M.В