/Прочитано:

923

УЈП: Бруто-плата 2019 – најниска и највисока основица за пресметување на придонеси

Просечната плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во јануари 2019 година, изнесува 36,017 денари.

„Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување, и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец јануари до месец декември 2019 година (во согласност со член 15 и член 16 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување).

Најниската основица за пресметка на придонесите за 2019 година изнесува 18.008,00 денари (50% од 36,017).

Највисока основица за пресметка на придонесите за 2019 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 576.272,00 денари (16 x 36,017).

Највисока основица за пресметка на придонесите за 2019 година за самовработено лице изнесува 432.204,00 денари (12 x 36,017).

Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер – МПИН: http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81, која го содржи новиот параметар“, се вели во соопштението на УЈП, кое во целост може да се преземе на следниот линк.