/ Прочитано:

1.337

УЈП ја објави последната Листа на должници. МРТ, комунални претпријатија и граѓани повторно ѝ должат на Управата

Листата на должници бр. 04/2016 се однесува за долгови достасани до 31.12.2015 и неплатени до 31.3.2016 година врз основа на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

ujp-9-smalena-e1360160618926.jpg

Повеќе од 4 500 физички лица, компании и јавни претпријатија се наоѓаат на последната Листа на должници што ја објави Управата за јавни приходи.

Македонската радио телевизија повторно е на Листата на должници, неколку комунални претпријатија, меѓу кои на Тетово, Струга, Пробиштип и дури. Должник е и Општина Дојран.

Листата на должници бр. 04/2016 се однесува за долгови достасани до 31.12.2015 и неплатени до 31.3.2016 година врз основа на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  1. повисок од 120 000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  2. повисок од 300 000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб-страницата на Управата за јавни приходи, во согласност со членот 9 од  Законот за даночна постапка.

Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб-страница може да објави податоци заради исправка на нецелосни информации кои се објавени во Листата на должници.

Доколку не се согласува со објавените податоци, даночниот обврзник може да се обрати до:

  • надлежната Регионална дирекција на УЈП – за објавените долгови врз основа на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
  • Царинска управа на РМ – Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел. 02/3293 978 или 02/3293 971) – за објавените долгови врз основа на акцизи, царини и ДДВ при увоз.

Во смисла на овој Закон, даночен должник е лице што треба да исполни одредена обврска за плаќање од даночната постапка во даночно-правниот однос.

Членот 16 од Законот за даночна постапка го дефинира даночно-правниот однос како  однос кој во даночната постапка ги опфаќа правата и обврските на Управата за јавни приходи од една страна и на даночниот обврзник од друга страна, при што особено се уредува исполнувањето на даночните обврски од страна на даночниот обврзник, како и правото на Управата за јавни приходи да бара исполнување на овие обврски.

Управата за јавни приходи ги врши работите што се однесуваат на водење на првостепена даночна постапка, водење регистар на даночни обврзници и даночни акти и на евиденција, откривање на даночни казниви дела и на нивните извршители, водење на првостепена прекршочна постапка, како и други работи одредени со овој Закон.

Целосната Листа на должници погледнете ја тука.