УЈП: Организаторите на игри на среќа да поднесат месечен извештај за исплатените приходи
Месечниот извештај задолжително се поднесува преку info.nis@ujp.gov.mk
Управата за јавни приходи известува дека исплатувачите на добивки од посебните игри на среќа (казина, обложувалници и автомат-клубови) до 7 април 2016 година имаат обврска да поднесат месечен извештај за исплатени приходи – образец „ПДД-МИ/ИС” за исплатените приходи – добивки од игри на среќа и за пресметаниот и платен данок по одбивка за претходниот месец.
Месечниот извештај задолжително се поднесува преку info.nis@ujp.gov.mk