/ Прочитано:

501

УЈП со нова листа на должници

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 10/2019 за долгови доспеани до 30.6.2019 и неплатени до 30.9.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица. Листата на должници на следниот линк.