/ Прочитано:

1.674

Усогласување на Законот за пензиското осигурување со Законот за служба во Армијата

Во собраниска процедура се измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, чиј предлагач е Владата.

Со Законот за пензиското и инвалидското осигурување во посебна глава уредено е стекнувањето и остварувањето на правата на определени категории осигуреници под посебни услови, односно на осигурениците на одбраната.

Целта на Предлог-законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување е создавање услови за целосна имплементација на членот 147-а од Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија, според кој активниот воен и цивилен персонал на служба во Армијата остварува право на стаж на осигурување со зголемено траење, во согласност со закон.

„Предложените измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување предизвикуваат фискални импликации.

Финансиските средства потребни за спроведување на Законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување ќе бидат обезбедени во буџетот на Министерството за одбрана.

Со измената на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, правото на бенефициран стаж 12/15 месеци, односно за секои 12 месеци ефективно поминати на должност да се сметаат како 15 месеци стаж на осигурување во Армијата на Република Северна Македонија, ќе го остварат 804 лица. Месечниот износ за придонес за бенефицираниот стаж за овие лица изнесува 1.837.455,00 денари, а годишниот износ за придонес е 22.049.460,00 денари.

Средствата за 2020 година, за месеците октомври и ноември (исплата на плати во ноември и декември месец) во износ од 3.674.910,00 денари, се обезбедени во буџетот на Министерството за одбрана. Средствата за 2021 година се планирани, а исто така ќе бидат планирани и за наредните 2022 и 2023 година“, се посочува во законското образложение.

М.В