/ Прочитано:

1.467

Уставен суд: Александар Лазов назначен за генерален секретар на Судот

„Уставниот суд на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 1 октомври 2020 година, донесе одлука со која за генерален секретар на Уставниот суд на Република Северна Македонија се назначи Александар Лазов, досегашен генерален секретар на Уставниот суд на Република Северна Македонија, сметано од 5 октомври 2020 година“, соопштуваат од Уставниот суд.

Во биографијата на Лазов е наведено по дипломирањето на Правниот факултет „Јустинијан Први“ работел како адвокатски приправник и адвокатски соработник, како и во Парламентарниот институт при Собранието. Од март 2015 година е вработен во Службата на Уставниот суд на Република Македонија како државен службеник со звање државен советник со работни задачи вршење на стручно-аналитички работи.

Учествувал на голем број обуки од областите на правните истражувања и анализи, парламентарните процедури, човековите слободи и права и раководењето со администрација, организирани меѓу другото од Конгресот на Соединетите Американски Држави, Европскиот парламент, Европската комисија, Советот на Европа, Бундестагот на СР Германија, Парламентот на Чешката Република, Парламентот на Република Словачка, ОБСЕ и др.

За генерален секретар на Уставниот суд на Република Македонија е избран на 5 октомври 2016 година.