/ Прочитано:

1.129

Уставниот суд поведе постапка за одредби од Упатството за начинот на однесување и меѓусебните односи на полициските службеници

Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на членот 25 ставови 2 и 3 од Упатството за начинот на однесување и меѓусебните односи на полициските службеници.

Полициските службеници кои времено заминуваат од подрачната организациона единица на службен пат, годишен одмор, боледување, во странство и слично, се јавуваат пред заминувањето и по враќањето на својот непосреден раководен полициски службеник, се пропишува во членот 25 од Упатството.

Во ставовите 2 и 3 од овој член, додадени во во 2016 година и за кои Уставниот суд поведе постапка, се пропишува дека полициските службеници  кои сакаат да патуваат во странство заради приватна потреба поднесуваат барање во писмена форма до непосредниот раководен полициски службеник заради добивање одобрение за патување во странство.

Во случај на одбивање на барањето, причините за тоа писмено се образложуваат од страна на непосредниот раководен полициски службеник.

М.В