/ Прочитано:

645

Уставниот суд укина одредби од Правилникот донесен од Собранието на Стоматолошката комора

„Уставниот суд го укина членот 5 ставови 3 и 4 од Правилникот за составот на испитната комисија, начинот на полагање на стручниот испит, начинот на проверката на стручните знаења и вештини и обрасците на уверението за положен стручен испит на здравствените работници со високо образование од областа на стоматологијата, број 02-438/3 од 2 мај 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 148/2020), донесен од Собранието на Стоматолошката комора на Македонија“, известуваат од Судот.