Уставниот суд поведе постапка за одредби од Законот за приватно обезбедување
Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на членот 22 став 1 точка 5 од Законот за приватно обезбедување. Во конкретниот случај, Судот утврди дека членот 22 став 1 точка 5 од Законот за приватно обезбедување определува услов за добивање на лиценца за обезбедување да биде физичкото лице (1) да не е осудено со правосилна судска пресуда или (2) против него да не се води кривична постапка за кривично дело за кое се гони по службена должност.
„Судот оценува дека наведената законска одредба определува, независно од содржината на правосилна судска пресуда, односно од видот на кривичното дело и видот на изречената казна, како и независно од непостоењето на правосилна судска пресуда иако се води кривична постапка, физичкото лице да трпи правна последица, а тоа не е во согласност со наведените уставни и законски определби“, истакнуваат од Уставниот суд.
М.В