/ Прочитано:

950

Утврдени измените на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа

Владата го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

Предложените измени, образложуваат од Владата, ќе го подобрат фискалниот капацитет и ќе ги зголемат приходите на општините преку постепено зголемување на стапката на дотацијата од ДДВ и персоналниот данок на доход, со цел поголема финансиска самостојност и стабилност на единиците на локалната самоуправа.