Утврдени измените на Законот за финансиска полиција
Владата го утврди новиот текст на Предлогот-законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција, и донесе одлука Предлог-законот да го достави на усвојување до Собранието.
„Со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција се доуредува класификацијата на работните места во Управата за финансиска полиција, постапката за вработување и постапката за селекција за засновање работен однос, како и другите права и обврски на вработените, односно на овластените лица финансиски полицајци.
Со новопредложените одредби за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција се зајакнуваат капацитетите на Управата за финансиска полиција согласно Планот 3-6-9 на Владата во областа борба против организиран криминал и корупција, кој предвидува зајакнување на финансиската полиција и формирање на меѓуинституционална рамка со зајакната рамка за спроведување истраги и конфискација на имот на посистематска и функционална основа“, соопштуваат од Владата.
М.В