Утврдени измените на Закoнот за трговија
Утврдени се измените на Предлог-законот за трговија со цел да се обезбеди превенција и зајакнување на заштитата на здравјето на населението од ширењето на вирусот КОВИД-19 во услови на вршење трговија на мало, информираат од Владата.
„Измените во законот за трговија се потребни за да се продолжат да важат мерките кои беа предвидени со Уредбата со законска сила според која трговците на мало во услови на пандемија се должни да постават ред и дисциплина при влез и во внатрешноста на објектите во кои се врши трговија на мало, да обезбеди редарска служба за да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и во објектот и да обезбеди спроведување на дезинфекција за раце при влез во објектот, да постави соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред во објектот, да обезбеди заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените во објектот, како и други мерки, а имајќи предвид дека истекува важноста на оваа Уредба“, соопштуваат од Владата.
М.В