/ Прочитано:

1.645

Утврдено уште едно прекршување на работничките права на текстилните работнички

Државниот инспекторат за труд повторно утврди прекршување на работничките права на текстилните работнички во текстилна конфекција во Крива Паланка, истакнуваат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

По добиени сознанија за прекршување на работничките права во делот на исплата на плати и придонеси за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување за месец јануари 2017 на вработените во текстилна конфекција во Крива Паланка, Хелсиншкиот комитет поднел барање за спроведување на вонреден инспекциски надзор до Државниот инспекторат за труд.

Работодавачот на вработените им нема исплатено плата и придонеси

Врз основа на ова барање, на 9.3.2017 година беше извршен вонреден инспекциски надзор во погон за производство на чевли од страна на Државниот инспекторат за труд. По извршениот инспекциски надзор, посочуваат од Хелсиншкиот комитет, констатирано е дека работодавачот на 13.2.2017 година им исплатил на вработените плата и законски придонеси за задолжително социјално осигурување за месец декември 2016 година, но за месец јануари 2017 година работодавачот на вработените им нема исплатено плата и законски придонеси на неа.

„Во согласност со Законот за работни односи, работодавачите имаат обврска да им исплатат на работниците плата и придонеси на плата за периоди кои не смеат да бидат подолги од еден месец. Платата се исплаќа најдоцна 15 дена по изминувањето на исплатниот период. Во согласност со Законот за работни односи, работодавачите имаат обврска да им исплатат нето-плата и придонеси од плата за пензиско и инвалидско осигурување. Врз основа на утврдената фактичка состојба од спроведениот инспекциски надзор, надлежниот инспектор издал наредба до работодавачот и одговорното лице да го отстранат недостатокот, односно на вработените да им исплатат плата и законски придонеси на неа за месец јануари 2017 година, во рок од 8 дена од извршениот инспекциски надзор“, образложуваат од Хелсиншкиот комитет.

„По добиени сознанија дека и по истекот на дадениот рок за отстранување на недостатоците и исплата на плата и законски придонеси, конфекцијата сè уште им нема исплатено на вработените плата и законски придонеси за месец јануари 2017 година, Хелсиншкиот комитет за човекови права апелира до Државниот инспекторат за труд да постапи во согласност со своите законски овластувања и да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка“, додаваат од Комитетот.

Претходниот случај со нарушените права на текстилните работнички во Кочани заврши во нивна корист

На почетокот од оваа година, Државниот инспекторат за труд утврди прекршување на работничките права на текстилните работнички во приватна компанија во Кочани.

За овој случај, по добиени сознанија за прекршување на работничките права во делот на исплатата на додаток на плата за поминати работни часови на ден на неделен одмор и додаток на плата за поминати работни часови во денови на празници и неработни денови, Хелсиншкиот комитет до Државниот инспекторат за труд поднесе барање за спроведување на вонреден инспекциски надзор во повеќе конфекции.

Случајот со неисплаќањето додаток на плата на текстилните работнички за работа во денови на празници заврши во корист на работничките. Приватната фирма од Кочани им исплати на работничките додаток на плата за работа во денови на празници.

И Уставниот суд поведе постапка за одредби од Колективниот договор за текстилната индустрија

На почетокот на овој месец, Уставниот суд поведе постапка за одредби од Колективниот договор за текстилната индустрија. Со  оспорените одредби се предвидува дека ако работникот самоволно без причини даде отказ без отказен рок, работодавачот поради нарушување на работниот процес и настанатата штета има право да бара обесштетување во висина од една до три месечни плати, во зависност од работните задачи што ги извршува работникот.

Од Уставниот суд истакнуваат дека постапката е поведена од причини што овие одредби од колективните договори не се поволни за работникот и се на негова штета. Смислата на колективните договори е нивното склучување да биде во интерес на работникот и заштитата на неговите права.

ОДРЕДБИ НА ШТЕТА НА РАБОТНИЦИТЕ: Уставниот суд поведе постапка за одредби од Колективниот договор за текстилната индустрија

По утврденото прекршување на работничките права, текстилните работнички го добија додатокот на плата за работа во денови на празници

Утврдено прекршување на работничките права на текстилните работнички во Кочани

М.В