/Прочитано:

403

Вистински сопственик на правно лице

Во Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам се дефинира што претставува поимот „вистински сопственик“.

Вистински сопственик  е секое физичко лице (лица) кое е краен сопственик на клиентот или го контролира клиентот и/или физичко лице (лица) во чие име и за чија сметка се извршува трансакција. Поимот вклучува и физичко лице (лица) кое врши крајна и ефективна контрола над правно лице или странски правен аранжман.

Во  Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам се дефинира и поимот „вистински сопственик на правно лице“. Според оваа дефиниција, вистински сопственик на правно лице е:

  1. Физичко лице (лица) кое е сопственик на правното лице или го контролира правното лице преку директна сопственост на доволен процент на удели, акции, вклучително и акции на доносител или право на глас или други права во правното лице;
  2. Физичко лице (лица) кое го контролира правното лице преку индиректна сопственост на доволен процент на удели, акции, вклучително и акции на доносител или право на глас или други права во правното лице или
  3. Физичко лице (лица) кое на друг начин остварува контрола на правното лице.

Индикатор на директна сопственост е сопственоста на над 25% од уделите, правата на глас или други права во правното лице или сопственоста на 25% плус една акција.

Индикатор на индиректна сопственост е сопственоста или контролата на физичко лице (лица) над едно или повеќе правни лица кои поединечно или заедно имаат над 25% од уделите или 25% плус една акција.

Годинава ќе стартува регистарот на вистински сопственици кои ги поседуваат или ги контролираат  фирмите

Централниот регистар од следната година ќе ги регистрира вистинските сопственици на фирмите

Анализата на клиентот според Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам

Субјекти што имаат обврска да преземаат мерки за откривање и спречување на перење пари и финансирање тероризам

Новиот Закон за спречување на перење пари и финансирање тероризам во собраниска процедура

Законски измени за воспоставување регистар на вистински сопственици во рамките на Централниот регистар

Се подготвува Закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам

М.В