/ Прочитано:

716

Во подготовка измени на повеќе закони од областа на земјоделството поради усогласување со Законот за прекршоците

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство подготвува измени на повеќе закони од областа на земјоделството, и тоа: Законот за консолидација на земјоделско земјиште, Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија, Законот за производи за заштита на растенијата, Законот за здравјето на растенијата, Законот за квалитет и безбедност на ѓубриња, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата, Законот за пасиштата, Законот за рибарство и аквакултура, Законот за квалитетот на земјоделските производи, Законот за земјоделство и рурален развој, Законот за селекционерски права, Законот за органско земјоделско производство, Законот за сточарството и други. Целта на измените на посочените закони е усогласување со Законот за прекршоците.

M.В