/ Прочитано:

549

Во подготовка измени на Законот за акцизите

Министерството за финансии подготвува Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за акцизите.

„Целта на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите е изменување и дополнување во делот на енергентите, а воедно се врши и одредено допрецизирање на дел од одредбите од Законот за акцизите“, велат од Министерството за финансии.

Со Законот за акцизите се уредуваат акцизите за добрата подлежни на акциза, во поглед на начинот на настанување, пресметување и плаќање на акцизите на акцизното подрачје на Републиката.