/ Прочитано:

1.625

Во подготовка измени на Законот за Царинската управа

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за Царинската управа. Основна причина поради која е поведена иницијатива за изменување и дополнување на Законот за Царинската управа, велат од Министерството за финансии, e усогласување на одредбите на Законот за Царинската управа со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, со Законот за управување со конфискуван имот, со Законот за акцизи, со Законот за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам, со Законот за прекршоци, како и доуредување на основната надлежност на Царинската управа.

М.В