/ Прочитано:

574

Во подготовка измени на Законот за управување со квалитетот и давањето на услуги во државната служба

Министерството за информатичко општество и администрација подготвува Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба.

„Причина за донесување на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба е да се усогласи овој закон со Законот за услугите, со кој се врши усогласување со Директивата 2006/123/ЕЗ на Европската Унија за услугите на внатрешниот пазар, CELEX број 32006L0123, како и да се дополни основниот текст на законот со процедура за надворешна проверка, која е изработена од страна Европскиот институт за јавна администрација EIPA“, посочуваат од Министерството.