/ Прочитано:

662

Во подготовка измени на Законот за урбанистичко планирање

Министерството за транспорт и врски подготвува измени на Законот за урбанистичко планирање.

„Целта на предлог законот е да се одговори на потребите на единиците на локална самоуправа како носители на процесот на урбанистичко планирање, да се поедностават одредени чекори од процесот и да се овозможи повисок степен на флексибилност во делот на содржината на урбанистичките проекти. Исто така, целта е и рамномерен просторен развој создавање и унапредување на условите за хумано живеење и работа на граѓаните.

Со Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање се предлага измени во делот на преодните одредби со кои се предвидува ставање вон сила на општите акти изработени и донесени согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ број 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 90/17, 64/18 и 168/18). Исто така, се предлага поедноставување на постапките за изработување, донесување и спроведување на урбанистичките планови и урбанистичките проекти“, образложуваат од Министерството.

М.В